Шестмина во Еспањол позитивни на коронавирус

0
82

Фудбалскиот клуб Еспањол потврдил дека шестмина членови биле позитивни на коронавирусот. Не е познато дали се работи само за фудбалери или меѓу заразените има и луѓе од клупскиот персонал.

Сите ги имале симптомите на вирусот и во наредниот период ќе бидат во изолација под лекарски надзор.

Во изолација се наоѓа комплетниот тим на Еспањол по одлуката на Ла Лига првенството да биде суспендирано до 4 април.

Шпанија е една од најзагрозените земји. Бројот на заразени се зголемува секој ден. Од фудбалските клубови најпогодена е Валенсија. Според информациите од клубот, 35 отсто од персоналот биле заразени.