Трамп предложи пакет економска помош, секој Американец добива по 1.000 долари

0
103

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот да одобри огромен пакет на економска помош – вклучително и директни готовински чекови за Американците во износ до 1.000 долари – во вонреден напор да им помогне на домаќинствата и економијата во време на криза од коронавирус.

Според предложениот пакет за економска помош, кој го надминува стимулот на Владата на САД за време на големата рецесија од 2008 година, Трамп сака чековите да бидат испратени до граѓаните во рок од две недели. Властите велат дека пакетот на Трамп би можел да биде во износ од билион долари, објави АП.

Пакетот, кој ќе го одобри Сенатот на барање на Трамп, е поголем од оној за помош на банките во 2008 и 2009 година, а покрај готовински чекови за граѓаните, во износ од 250 милијарди американски долари, вклучува и масовни намалувања на даноците за вработените, 50 милијарди долари помош за авијациската индустрија и 250 милијарди долари за мали бизниси.

„Ние сакаме да настапиме силно“, рече Трамп на брифингот во Белата куќа.