Во Чешка граѓаните задолжително мора да носат маски на лицето на јавни места

0
76

Владата во Чешка им нареди на граѓаните да носат маски или на друг начин да ги покриваат устата и носот на јавни места.

Мерката стапува на сила од полноќ.

Премиерот Андреј Бабиш кажа дека е донесена одлука помеѓу 10:00 часот наутро и 12:00 часот напладне до продавниците за храна и аптеките да им се дозволи пристап само за граѓани постари од 65 години.

Во Чешката има 464 случаи на заразени со новиот коронавирус, а границите со соседните земји се затворени.