Во Србија уште 11 заболени од коронавирус, вкупно 83 случаи

0
100

Според последните податоци, во Србија се потврдени вкупно 83 случаи на коронавирус, што е за 11 повеќе од вчера.

На сила стапија новите мерки на српската влада, според кои од 10 часот, во сите урбани средини забранет е излез на улиците на лица постари од 65 години, а на село на лицата постари од 70 години.

Од 20 до 5 часот наутро никој не смее да биде на улиците, освен надлежните органи на задача, како и оние имаат работни обврски во трета смена.