Жител на Чешиново нападнал полицаец кој го фатил како пали стрниште

0
106

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против П.М.(64) од с.Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

На 3.3.2020, на место викано Кула, во атар на с.Чешиново, ја загрозил сигурноста на полициски службеник од Кочани на тој начин што замавнувал кон него со железен предмет, упатувајќи притоа сериозни закани по неговиот живот, откако полицискиот службеник, кој бил на службена должност, го затекнал пријавениот како потпалува стрниште во нива.