Автмобил излетал кај Долно Лисиче откако го пресретнале разбојници со автоматско оружје

0
117

Скопјанец на возраст од 20 години во полиција пријавил инцидент во кој додека возел бил пресретнат од вооружени лица.

Според пријавата, настанот се случил на 18 март во близина на мост на реката Вардар, од населба Долно Лисиче кон селото Јурумлери.

Додека 20-годишникот управувал автомобил „мерцедес“, бил пресретнат од „голф“, без регистарски ознаки, во кој со автоматско оружје биле жител на селото Батинци и уште две други лица.

Притоа, 20-годишникот во паника скршнал од патот и излетал надвор од коловозот.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.