Азиските земји се соочуваат со втор бран на коронавирусот

0
68

Јужна Кореја, Кина и Сингапур се меѓу азиските земји што се соочуваат со втор бран на коронавирусот поради големиот број државјани што се враќаат во своите земји.

Кина, каде што вирусот најпрвин се појави, потврди дека нема нови локални случаи, што е првпат од почетокот на епидемијата. Но, потврдени се 34 нови случаи меѓу повратниците во таа земја. Бројот на починати во Кина достигна 3.245.

Сингапур исто така потврди 47 нови случаи, од кои 33 дошле од странство.

А Јужна Кореја има 152 нови случаја, но и натаму не се знае колку од тие дошле од странство.

Најтешко погодениот регион Хокаидо во Јапонија ја укина вонредната состојба, која беше во сила од февруари кога властите објавија дека епидемијата стивнува. Во оваа земја досега се заразени 923 лица, а починаа 32.