Директорот на Бирото за јавна безбедност на пунктовите во кризното подрачје

0
80

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски, ги посети контролните пунктови на полициските служби кај Бошков мост и Глобочица, кои беа воспоставени кога Владата го прогласи Дебарскиот Регион за кризно подрачје.

Притоа одговорните лица го информирале Тасевски дека состојбата во ова подрачје е мирна, а дотурот на храна се одвива според утврдените безбедносни протоколи.

Директорот Тасевски оствари средба и со раководството на СВР Охрид, на која бил информиран за тековните активности на полицијата во овој регион, пред сè, во насока на превенција од ширење на епидемијата на коронавирусот.

Заеднички беше констатирано дека досега полицијата доследно ги реализира сите зададени задачи што произлегуваат од препораките и мерките на Владата на РСМ и дека е подготвена во рамките на своите надлежности да го даде својот полн придонес во заедничките напори за спечување на епидемијата и заштита на здравјето на граѓаните.