Францускиот Лион, прв голем европски клуб кој ги „замрзна“ платите на фудбалерите

0
93

Францускиот прволигаш Олимпик Лион стана првиот клуб од Лига 1, но и од рангот големи европски клувбови, кој одлучи комплетно да ги „замрзне“ платите на фудбалерите, на неодредено време додека светот не се избори со коронавирусот. Стопирањето на шампионатот повлече и големи финансиски проблеми за клубовите.

„По преземените мерки од државните авторитети за да се справиме со вирусот Covid – 19, а со оглед дека се суспендирани сите тренинзи и натпреварувања во националниот шампионат, мора да ве известиме дека има прекин на работата на целиот персонал во клубот и одредена е суспензија на платите на сите вработени“, објави Лион.

УЕФА препорача националните шампионати да се доиграат по излезот од кризата, но најдоцна до 30 јуни. По 28 одиграни кола, Лион се наоѓа на седмата позиција на табелата со 40 освоени бода, дури десет помалку од третопласираниот Рен кој засега е на позиција која води во Лигата на шампионите. До крајот на шампионатот треба да се одиграат уште десет кола.