Холандија воведе нов начин на тестирање , бараат точен број на заразени, кои немаат симптоми

0
64
Foto

Холандското здравство почна голем проект за тестирање на донирани примероци од крв за да утврди колку луѓе во таа земја се заразени со коронавирус, но со симптоми толку благи што не биле забележани.

Со проектот ќе се тестираат 10.000 примероци неделно во Банката за крв Sanquin, во соработка со Државниот институт за здравство RIVM.

„Можно е да имате коронавирус и да не го почувствувавте тоа“, изјави портпаролот на Санкин, Мерлихан ван Хаселт, за државната телевизија НОС.

“Ако откриеме присуство на антитело, можеме да утврдиме дали веќе го имате и на крајот да добиеме слика за тоа како се развива”.

Во Холандија досега се пријавени 2.051 случаи на коронавирус со 58 смртни случаи.

Портпаролот на РИВМ, Харалд Вајгел предупредува дека не е познато колку луѓе можеби веќе го имале вирусот и ја преживеале болеста и дека испитувањето на крвта би можело да го покаже токму такви податоци.

Тестовите за коронавирус спроведени од 6-8 март меѓу здравствените работници со симптоми на настинка во Северен Брабант покажале дека дури 3,9 проценти имале коронавирус.

Сепак, во случајното тестирање на пациенти со симптоми во други делови на државата, кое започна на почетокот на февруари, откри само неколку заразени, додава Вихгел.

„Едноставно не знаеме колку луѓе се заразени и имаат благи симптоми“, заклучува Вихгел. „Има многу непознати факти околу тоа“.