И тренерот на Рајн-Некар Левен е позитивен на Ковид-19

0
97
RNL Trainer Martin Schwalb , Rhein-Neckar Loewen Marin Schwalb , RNL Saison 2019 / 2020, © Copyright: AS Sportfoto / Soerli Binder, www. as-sportfoto.de, MSP_1707_RNL_

Продолжува ширењето на коронавирусот во таборот на Рајн-Некар Левен, откако денеска беше обелоденето дека позитивен на Ковид-19 е и новиот тренер на „лавовите“, Мартин Швалб.

Прв заразен од овој германски прволигаш беше Менсах Ларсен, во текот на вчерашниот ден позитивни беа и тестовите на Пекелер и на Гвардиола, за денеска на листата на заболени да се приклучи и шефот на стручниот штаб на поранешниот германски првак. Тој веќе неколку дена се наоѓа во самоизолација во семејната куќа во Хамбург, каде си замина веднаш по позитивниот тест на Менсах Ларсен.

„Се чувствувам добро, сакам да ги замолам сите да ги почитуваат правилата за самоизолација. Дури и без да чувствувате физички симптоми можете да го пренесете вирусот и да бидете опасност за луѓето околу вас“, порача Мартин Швалб.