Кавани ја напушти Франција: Потребен сум му на мојот народ!

0
110

Продолжува егзодусот на јужноамериканските фудбалери во Европа.

Во Италија се појави веста дека Игуаин и Бентанкур од Јувентус ја напуштиле земјата, а вчера истото го сторија и Бразилците, Нејмар и Тијаго Силва од француски ПСЖ.

Денеска стигна и веста дека и голгетерот на ПСЖ, Уругваецот Едисон Кавани решил да го напушти Париз и да се врати во татковината.

Попладнево Кавани слетал на аеродромот „Караско“ во Монтевидео, камерите го снимија со заштитна маска на лицето.
„Ситуацијата е деликатна. Веднаш одам во родното Салто за да бидам со мојот народ и да им помогнал кога ќе е најпотребно. Потребен сум и на луѓето во Уругвај. Се надеваме дека ситуацијата ќе се реши и дека работите ќе се вратат во нормала“ – рече Кавани.