На германско-полската граница колони од 60 километри

0
76

Поради забраната за влез во Полска за сите странци, на германско-полските гранични премини се создаваат колони и во должина до 60 километри.

„Ситуацијата на границата со Полска е навистина драматична. Ние сме во постојан контакт со полските власти“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, за јавниот сервис.

Најголемиот метеж е регистриран на граничниот премин Гоерлиц (Згорзелец), каде што колоната во средата вечерта достигнала должина од 60 километри. Претставници на Техничката помош (THW) и германскиот Црвен крст од понеделникот дистрибуираат храна и пијалаци за возачите заглавени на границата.

Слични колони се создаваат и на граничниот премин Франкфурт на Одра, источно од Берлин. Полицајците од колоната ги извлекуваат камионите со добиток, кој потоа го сместуваат кај локалните земјоделци.