На секои десет минути од корона умира по еден Иранец

0
72

Во Иран на секои 10 минути умира по едно лице заболено од коронавирус, а 50 нови се заразуваат, објави агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот весник „Хаберлер“ денеска објави дека вкупниот број смртни случаи во Иран е 1.284.

Иранските власти соопштија дека 149 лица починале во изминатите 24 часа, потврдени се 1.046 нови случаи и дека вкупниот број потврдени случаи во Иран изнесува 18.407.

Досега од вирусот закрепнале 5.797 пациенти.

Заедно со Кина, Италија, Јужна Кореја, и Иран е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата.

Иранските власти презедоа мерки за борба против ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите училишта и факултети, откажување на сите спортски настани и забрана за патување во странство за иранските функционери.