Принцот Алберт Втори од Монако заразен со коронавирус

0
86

Принцот Алберт Втори од Монако (62) е позитивен на новиот коронавирус, објави кралската палата, а пренесе „Индипендент“.

Пред само 24 часа, принцот Алберт Втори најави дека кнежеството ќе биде ставено во своевиден карантин на неопределено време.

Алберт Втори чие целосно име е Алберт Александре Луис Пјер Грималди, е актуелен кнез на Монако и старешина на владејачката династија Грималди.

Тој владее со кнежевството од 6 април 2005 година и е син на Рание Трети и поранешната холивудска актерка, Грејс Кели.