СДСМ: ООН ги демантира лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски

0
104

ООН јавно ги демантираше лажните вести на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ кои бесрамно, крајно неодговорно ги шират среде најголемата глобална пандемија со коронавирусот. Силен шамар за неодговорната ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски, велат од СДСМ.

„Не е точно дека ООН правеле некакви проценки на владини мерки како што излажа Николовски. Затоа Обединетите Нации и јавно демантираа и побара да не бидат вклучувани во политички дискусии. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најсветото нешто, здравјето.

Додека СДСМ и надлежните институции работат и се фокусирани исклучиво во заштита на здравјето на граѓаните и последиците од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести. Ништо не им е свето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Не им е свето здравјето на граѓаните, не им е битно лекувањето на болните и заздравувањето на економијата.

Тие шират само лажни вести и се обидуваат да профитираат на маката на граѓаните и нивното здравје. За СДСМ здравјето на граѓаните и справување со последиците од глобалната пандемија со коронавирусот се врвен приоритет.

Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните, да заборави на теснопартиските интереси и да ги остави надлежните институции да се борат со коронавирусот.

Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира во вакви сериозни времиња“ се вели во реакцијата на СДСМ, по изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.