Се очекува да се зголеми бројот на заразени во Африка

0
55

Според Африканскиот центар за контрола на болести, Африка веројатно ќе се соочи со зголемување на бројот на заразени лица во наредните недели.

На овој континент има нешто повеќе од 600 луѓе заразени со коронавирус.

Се претпоставува дека бројот на пациенти е поголем отколку што се мисли и дека некои случаи допрва треба да се регистрираат.

Многумина од болните во моментов поминуваат под радарот, рече Џон Нкенгасон, директор на Африканскиот центар за контрола на болести. Тој верува дека бројот на регистрирани случаи ќе се зголеми како резултат на тоа и дека забраната за патување ќе го намали, но не и спречи, ширењето на вирусот, пренесува „Ројтерс“.

Нкенгасон исто така, истакна дека се планира помасовно тестирање на вирусот штом бидат достапни новите тестови.

Бројот на заразени во Африка се зголемува со многу побавна стапка отколку во Азија и во Европа.