Се затвора границата меѓу Канада и САД

0
80

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека затворањето на канадско-американската граница ќе стапи на сила на полноќ.

Тој додал дека се во комуникација со домашните авиокомпании на тоа да ги вратат канадските државјани од странство.

Канада, која ги затвори границите за повеќето странски државјани оваа недела, договори со САД да ја затворат заедничката граница за несуштински сообраќај за да се намали ширењето на коронавирусот.

Во Канада се регистрирани 772 случаи на заболени од ковид-19, а девет лица починале.

Ширум земјата досега се теситрани 55.000 луѓе.