Семејство во САД било на заедничка вечера – тројца умреле од коронавирус, четворица се заразени

0
88
Foto

Грејс Фуско (73), мајка од Њу Џерси, умрела во средата од коронавирус, не знаејќи дека нејзините деца биле заразени.

Нејзиниот најстар син и ќерка починале непосредно пред неа, а, според еден од роднините, уште четири нејзини деца се хоспитализирани откако биле дијагностицирани со Ковид-19. Од нив тројца се во критична состојба, јави Си-ен-ен.

Се чини дека тие се заразиле на семејна вечера што ја имале месецов, а како што пренесува „Тајмс“, на овој собир присуствувала и првата личност која починала од коронавирус во Њу Џерси.

Најстарата ќерка на Грејс Фуско, Рита Фуско-Џексон (55), почина во петокот, а набргу потоа семејството дознало дека била заразена со коронавирус. Нејзиниот син Кармајн Фуско починал во средата, непосредно пред својата мајка.

Речиси 20 нивни роднини се ставени во карантин во нивните домови.

Досега речиси 150 луѓе починаа од коронавирус во САД, а до средата во Њу Џерси починале петмина. Во оваа сојузна држава има најмалку 427 заразени.

Бројот на заразени во САД секојдневно се зголемува, поради што се преземаат се построги мерки за да се спречи ширењето.