Словенечки министер тврди: Порачавме три милиони маски, но нѐ измамија

0
104

Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин изјави дека заплетот во врска со околу 3 милиони заштитни маски нарачани од државата, кои требало да пристигнат во камион преку Италија, е класична измама.

„Се изгуби секоја трага од товарот и полицијата откри дека станува збор за класична измама“, рече Тонин на прес-конференција во Љубjљана и продолжи:

„Ни беше ветена испорака на маски и министерот за економија Здравко Почивалшек беше во контакт со возачот. Вчера во 14:30, возачот рече дека е на царина, подоцна кажа дека ќе полни гориво, по што изгубивме контакт со него“, рече Тонин.

Тој додаде дека словенечката полиција утврдила дека станува збор за класична измама, која тој сега ќе се третира како приоритет кај властите.

Маските биле нарачни од компанијата „Глобал промет“, чиј директор е Емир Беговиќ од БиХ, но се покажало дека се работи за фиктивен бизнис и класична измама и дека никогаш немало организиран транспорт, ниту пак маски, објасни словенечкиот министер.

Тој додаде дека неточна е вчераобјавената информација оти непостоечките маски биле однапред платени по цена од 10 милиони евра и дека во тој поглед нема никаква штета.

„Маските и другата опрема потребна за болниците и другите институции за време на епидемијата од коронавирус се нарачуваат по точно одредени цени и се плаќаат по испораката“, кажа Тонин.

Тој претходно соопшти дека состојбата со опрема и заштитни средства во словенечките болници е критична.