Вучиќ најави вонредно обраќање до српската јавност

0
65

Српскиот претседател Александар Вучиќ за 18 часот најави вонредно обраќање до јавноста.

Тема треба да бидат новите мерки што земјата ќе ги воведе за спречување на коронавирусот, но некои српски медиуми објавија дека Вучиќ ќе се обрати во врска со сознанија дека се очекува силен удар на коронавирусот врз Србија, пренесува хрватски „Индекс“.

Еден од тие медиуми е и телевизијата „Пинк“, која најави дека врвот на епидемијата во Србија може да се случи за околу десет дена и да трае до 12 април, кога на католичкиот Велигден, се очекува прилив на гастербајтери од западноевропските земји.

Вучиќ прогласи вонредна состојба и полициски час, што почна да се применува вчера, а по улиците на Белград по 20 часот патролира армијата и полицијата.

Според последните податоци, 97 лица се заразени со коронавирус во Србија.

Претходно денес Вучиќ на Инстаграм објави слика на медицинска сестра која во рацете ја држи територијалната форма на Србија, наведувајќи: „Наши херои. Ви благодариме“.