Зголемен ризик од семејно насилство во периодот на вонредна состојба

0
95

Поради новонастаната состојба со вирусот Ковид-19, Владата од 11 март донесе дополнителни мерки и препораки за сите граѓани во државата и воведе вонредна состајба во времетраење од 30 дена. Една од главните препораки во насока на спречување на ширењето на вирусот е сите граѓани кои можат, да останат во своите домови.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја истакнува својата загриженост во овие моменти поради тоа што домот за многу жени, кои се жртви на семејно насилство и на интимно партнерско насилство, не е сигурно место за живеење. Со овие мерки жените жртви на насилство и нивните деца (доколку ги имаат) се ставаат во многу тешка и во некои случаи и во животозагрозувачка ситуација. Во држава во која е прогласена вонредна состојба децата се дома цел ден, затворени се сите кафулиња, ресторани, кафеани, затворени се спортските обложувачници, како и сите други можности за социјални активности, пријателите се дома со своите семејства, затворени се сите места каде што може да се канализира агресијата и единствено што останува достапно е семејството, сопругата/партнерката, децата, родителите.

„Добро познат факт е дека потребата да се поседува моќ и контрола над другите се едни од основните причини за семејното насилство. Во оваа ситуација, во која сите се чувствуваме повеќе или помалку исплашени поради чувството дека ја губиме контролата над своите животи, насилниците ќе се обидат да ја повратат сопствената контрола преку жртвите. Вонредната состојба не мора да значи зголемување на бројот на случаите на насилство (иако не е исклучено дека може да порасне), но секако значи зголемување на интензитетот на насилството во семејства и врски во кои веќе постоело. Жртвата нема каде да отиде, не може да избега од насилството со одење на работа или кај пријатели и во текот на целиот ден е изложена на насилството.

Вонредната состојба го отежнува пристапот на жртвите до сервиси за помош и заштита. Медицинските установи се борат да одговорат на коронавирусот, здравствените системи се преоптоварени, центрите за социјална работа работат со јавувања, што севкупно земено им го отежнува на жртвите пристапот до заштита, се вели во соопштението.

Тие апелираат до сите надлежните институции – Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Министерство за здравство независно од моментната состојба, да постапат професионално при пријава на насилство и да ги преземат сите мерки што им се на располагање во насока на заштита на жртвата и нејзините деца (доколу ги има). Сите повици за пријава на семејно насилство треба да бидат третирани како највисок приоритет и да се преземат сите мерки за заштита.
Тие ги охрабруваат сите жени што преживуваат некаква форма на семејно или интимно партнерско насилство да го пријават во институцијата/организацијата во градот во кој живеат.

Скопје
Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје
Специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории 076 381 762 и 078 230 943 (работи 24/7)
Служба за брак и семејство и заштита од семејно насилство 075 295 118
Полиција 192
Сервиси за психосоцијална помош и поддршка
Прв семеен центар на Град Скопје, 02/ 3200 007, секој работен ден од 11 до 18 часот
Институт „Алтернатива“, 077 791 100, секој работен ден од 9 – 16 часот
СОС-линија 02/15 315, достапна 24/7
Сервиси за бесплатна правна помош и поддршка
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, 075 255 154, вторник, среда , четврток 9 – 17 часот
Хелсиншкиот комитет , 072 278 436  и 02/ 3119 073, секој работен ден 9 – 14 часот
Здружение на младите правници, 02/3220-870, секој работен ден 8.30 – 16.30 часот

Тетово
Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 837 111

Охрид
Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид , Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 231 032

Советувалиште за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 937 916

Штип
Меѓуопштински центар за социјална работа Штип, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство 076 475 052

Кризен центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 24/48 часа, 076 475 050

Куманово
Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 993 705

Велес
Меѓуопштински центар за социјална работа Велес, Центар за жени жртви на родово базирано/ семејно насилство 076 340 225

Организација на жени на општина Велес, бесплатна правна помош како и психолошка помош,
070 645 318 и 075 603 348

Кавадарци
Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 298 015

Прилеп
Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 075 847 999

Кризен центар за жртви 24/48 часа, 078 289 427

Битола
Меѓуопштински центар за социјална работа Битола, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 397 875

Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 071 397 145

Свети Николе
Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 070 210 995 и 032 443 305

Кочани
Меѓуопштински центар за социјална работа Кочани, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 033 274 141 и 033 274 139

Струмица
Здружение на граѓани Скај плус Струмица, Центар за жени жртви на семејно насилство, 078 453 190