Директорите на Здравствен дом Скопје платата за март ѝ ја донираат на службата за итна помош

0
77

Од ЈЗУ Здравствен дом Скопје информираат дека директорите на оваа установа, професорот Виктор Исјановски и Бесим Кока, се откажуваат од платата за месец март.

Овие средстава ќе бидат пренаменети за потребите на службата за Итна помош, која во овој кризен момент е прва линија за помош на сите болни граѓани, особено за време на справувањето со коронавирусот.