Досега направени 888 теста на коронавирус, се очекуваат нови

0
98

Досега во земјата се направени 888 теста на коронавирус, а Институтот за јавно здравје во овој момент располага со 1.400 дополнителни тестови, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

„Донесена е одлука за избор на дополнителна количина и 1.000 теста, а има најава за донација од уште 1.000, со најава дека 1.000 ќе бидат на располагање во нашата земја и 300 во кое било време во болницата ‘Жан Митрев’“, рече Филипче.

Во однос на зголемување на достапноста на земањето брисеви, од понеделник ќе функционираат два пункта, во клиниката „Чаир“ и во „Јане Сандански“. За ова, ќе се закажува телефонски преку системот „Мој термин“, со што ќе се зголеми достапноста на оваа услуга во нашата земја, рече министерот за здравство.

Досега се потврдени 70 случаи на коронавирус во земјава. Првиот случај беше потврден на 26 февруари. Првозаразената пациентка, која допатува од Италија, е излекувана и во понеделникот беше пуштена на домашно лекување. Една пациентка е во критична состојба.