Двајца Скопјани се испијаниле, па се испотепале меѓусебе

0
64

На 19.03.2020 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, поради меѓусебно недоразбирање и претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.К.М.(40) и С.А.(62), и двајцата од Скопје, кои биле во алкохолизирана состојба, а откако полициските службеници излегле на местото на настанот пријавените се однесувале агресивно и кон нив.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.4, 6, 11, 13 од ЗППЈРМ.