Филипче: Ќе барам заострување на мерките

0
120

На попладневната седница, министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од Владата ќе побара заострување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Заострувањето е поради регистрирано непочитување на мерките, особено во одредени делови од земјата.

„Имаме податоци дека често мерките не се почитуваат. Денес ќе предложам заострување на мерките во деловите каде што е регистрирано непочитување. Дозволете за тоа да информираме по седницата“, рече министерот Филипче.

На прашањето дали размислува за карантин во Скопје,, министерот рече дека треба да се искористат сите можност што се овозможени со прогласувањето на вонредната состојба.

Бројот на заразени од коронавирус кај нас се икачи на 70 лица, а очекувано е и понатаму да расте. Тестирања се вршат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, но и во Клиниката „Жан Митрев“. Министерот рече дека двете лаборатории се обединети.