Италија воведува нови ограничувања поради жестокиот налет на епидемијата

0
90

Италијанското Министерство за здравство денеска ги одобри мерките со кои се ограничува движењето на луѓето во обид да се запре најсилната епидемија на коронавирусот во Европа.

Сите паркови и градини ќе бидат затворени од сабота, а луѓето ќе можат да вежбаат само околу своите домови, пренесува „Ројтерс“.

Министерот за здравство, Роберто Сперанза, во изјава рече дека Италија мора да стори уште повеќе за да го спречи ширењето на инфекцијата.

Бројот на починати во Италија во еден ден се искачи за 627, на вкупно 4.032 жртви, со 47.021 случај на заразени.