Прва жртва од коронавирус во Србија

0
68
Foto

Пациент на возраст од 59 години од Кикинда е првата жртва на коронавирус во Србија, соопшти на прес-конференција премиерката Ана Брнабиќ.

Најновите информации од српското Министерството за здравство велат дека се потврдени 17 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од последниот утрински извештај до вечерва во 18 часот, бројот на заразени од коронавирус е зголемен од 118 на 135.

Како што пренесуваат српските медиуми, Брнабиќ на прес-конференцијата најавила дека од утре во 20 часот ќе престане со работа целиот јавен превоз, а в недела се затвораат кафулињата и трговските центри.