Серена Вилијамс се жали: Полудувам поради социјалната изолација!

0
86

Освојувачката на 23 гренд слем титули, Серена Вилијамс преку Инстаграм откри дека многу тешко го поднесува периодот на изолација поради корона вирусот.

38-годишната Американка минатата недела објави дека планира да помине шест недели дома, но сега објаснува дека „полудува“ по само две недели.

„Сакав да ви го пренесам моето искуство со короната. Прво почнав со мислење: ’Ах, тоа нема да влијае на мене’. Потоа го откажаа Индијан Велс и ми беше чудно, но се радував на слободното време. По другите откажувања добив чувство на анксиозност. Веќе две недели сум во изолација и сега полудувам од секоја ситница. На работ сум. Кога некој ќе кивне или ќе се закашла полудувам. Дома сум со мојата ќерка и кога се закашла, веднаш почнавдда се муртам. Наместо да сум опуштена, постојано сум под стрес“, вели Американката.

АТП и ВТА турнеите оваа недела потврдија дека нема да има турнири до 7 јуни, што значеше целосно откажување на сезоната на земја.