Сите пациенти во Македонија се заразени по контакт со заболен од коронавирусот или носител

0
62

Заболените пациенти од коронавирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција. Министерството за здравство во соработка со Фармацевтскиот факултет ги разгледувало стручните трудови според кои добро дејство во лекувањето даваат лекови кои се користеле против маларија, и оти ако се покаже дека тие навистина даваат некаков ефект ќе бидат набавени. Сите пациенти се заразени по претходен контакт со заболен или носител на вирусот во инкубација.

-Заболените пациенти од коронавирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција, а има и поддршка на останатите органи и системи. Сега во светот има се повеќе информации за добри резултати од лекови кои се користат за маларија, веројатно е сличен механизмот на делување. Денеска се обидовме со Фармацевтскиот факултет да ги анализираме тие стручни трудови за да видиме дали има навистина екект и доколку е тоа така ќе набавиме количина и за нашите пациенти, рече одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше дека освен првата пациентка која е пуштена дома има уште двајца пациенти кои се во фаза на заздравување.

– Од вкупниот број пациенти кои се лекуваат на Инфективната клиника двајца веќе се во фаза на подобрување на состојбата, рече министерот.

Запрашан дали сите заболени биле претходно биле во контакт со болни или кај некои постои нејасна слика како се заразиле, Филипче појасни дека сите пациенти кои се заболени биле во конткт со претходно заболен или носител на вирусот во инкубација.

-Засега сите информации што ги имаме за сите пациенти што ги имаме укажуваат дека имале контакт со заболено лице или лице кое не било заболено, но, било носител во фаза на инкубација. Во нашата земја нема регистрирано таканаречено автохтоно жариште. За сите има податок дека биле во контакт со некој заболен, рече министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали новите случаи кои биле тестирани во болницата Жан Митрев се поврзани соо претходни случаи, Филипче истакна дека „сите се поврзани со веќе постојни пациенти кај нас, освен иницијалните нови кластери кои беа или резултат на луѓе дојдени од ризични региони или во контакт со заболени од други земји“.

Просечната возраст на 19-те нови слуачаи, според Филипче, ако се изземе 4-годишното девојче, е четириесеттина години.