Скопјанец зел 3 илјади евра лажно ветувајќи дека ќе забрзa постапка за посвојување дете

0
70

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишник од Скопје кој се товари дека сторил кривично дело измама.

Во текот на месец април минатата година тој довел и држел во заблуда човек од Гевгелија лажно ветувајќи му дека може значително да ја забрза постапката за посвојување дете, пред посебна комисија при Министерство за труд и социјална политика.

Ваквата постапка оштетениот и неговата сопруга веќе ја имале започнато, а пријавениот лажно го убедувал дека познава лице кое е вработено во комисијата, при што го натерал гевгеличанецот на 12 април минатата година да му исплати 180.000 денари на трансакциска сметка, која била во сопственост на трето лице од Скопје.