Со градежна интервенција се подобрува пристапноста до Клиничкиот центар

0
124

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата.

Како што напиша министерот на „Фејсбук“, се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила за Итната медицинска помош за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники.

Исто така се пробива нова улица зад Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со цел подобрување на пристапот кон оваа клиника.