Старите лица во Швајцарија смеат надвор само по два часа, движењето ќе го следи полицијата

0
74

На повозрасните граѓани во швајцарскиот кантон Ури од денеска ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само по два часа, за прошетки на свеж воздух, а почитувањето на оваа наредба ќе го надгледува полицијата, објавија локалните власти.

Оваа одлука е донесена откако членовите на најранливата популација не ги почитувале препораките и апелите за ограничување на движењето, поради нивна сопствена заштита од епидемијата на коронавирус.

Спротивно на тоа, повеќето жители ги послушале превентивните мерки и останале во нивните домови, но пораката сериозно не ја сфатиле највозрасните жители кои имаат најголем ризик да развијат тешки симптоми од Ковид-19, соопштил официјалниот претставник на Кантоналот, Игназ Зоп, за швајцарската новинска агенција .

Постарите жители продолжија да излегуваат по продавници и да се движат надвор од дома, истакнал Зоп.

За да се спречи ваквото однесување, кантонските власти решија да воведат забрана за движење за секој над 65 години, а полицијата има задача да го следи прекршувањето на мерката.