Во критична состојба е првозаболената пациентка од Дебар

0
152
Foto

Првата заболена пациентка од Дебар, која беше дијагностицирана со коронавирус, е во критична состојба, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Таа беше ставена на респираторна машина пред неколку дена поради тешкотии во дишењето.

„Пациентката вчеравечер влезе во критична фаза, сега е на дополнителна терапија, но нејзината ситуација е многу покритична од она што беше вчера“, рече Филипче.

Станува збор за сопружници од село во близина на Дебар, кои во нашата земја пристигнаа од Бреша, северна Италија, на 27 февруари. Тие имаа лесна клиничка слика кога беа хоспитализирани.

Тие во земјата допатуваа со автобус со уште 40 патници.