Во Словенија заразени уште 22 лица, вкупно 341

0
91
Foto

Во Словенија, бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 22 во последните 24 часа и сега се потврдени вкупно 341 случај во земјата, според Националниот институт за јавно здравје.

За тој период биле потребни 11.000 тестови, а нивниот број се зголемил за илјада во однос на претходниот ден, пренесува СТА.

Владината уреддба со која се забранува движење и собирање на јавни места и области, стапи во сила во Словенија со цел да се намалат во најголема можна мера социјалните контакти и ширењето на епидемијата на „Ковид-19“.