Бројот на заболени со коронавирус во светот се искачи над 277 илјади лица

0
72

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во светот утрово се искачи над 277 илјади лица.Голем скок во новопријавени случаи вчера имаше во Германија каде вкупната бројка скокна за неколку илјади и таму сега речиси 20.000 лица се регистритрирани како позитивни на Ковид -19. Во Италија вчера починале 624 лица како последица на опасниот вирус, со што бројот на смртни случаи ја надмина бројката од 4.000 лица. Бројот на заболени во Италија се искачина на повеќе од 47.000. Втора европска држава по број на заболени од вирусот е Шпанија, каде досега се евидентирани 21.571 заразени лица и 1.093 смртни случаи.