Кина се враќа во живот: Продолжија 90 отсто од инфраструктурните проекти кои беа запрени

0
92

Кинеските компании ја обновиле работата на околу 90 отсто од клучните инфраструктурни објекти што беа затворени за време на борбата против коронавирусот во земјата.

„Ситуацијата во земјата се уште продолжува да се нормализира и се враќа нормалниот начин на живот, меѓутоа, во различни региони заздравувањето се одвива со побавно темпо“,

изјавил Оу Хонг од Државниот комитет за развој и реформи на Кина.
Со исклучок на провинцијата Хубеи каде се појави коронавирусот, во различни региони на Кина биле запрени околу 11 000 инфраструктурни проекти, а од вчера во 90 отсто од нив се продолжило со работа.