МВР: На „Фејсбук“ се шират лажни наградни игри, граѓаните да не наседнуваат

0
110

Од Министерството за внатрешни работи ја информираат јавноста дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ забележани се налози кои се прикажуваат како официјални групи на фирми и државни институции во нашата земја, притоа доведувајќи ги во заблуда корисниците со организирање на лажни наградни игри.

„Од граѓаните се бара да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички, со единствена цел искористување на нивните податоци за понатамошни криминални активности“, стои во соопштението на ресорното министерство од каде апелираат граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип.

Воедно МВР информира дека во моментов презема активности за сузбивање на овие лажни фејсбук групи.