Охриѓанка пријавила дека била нападната со синот во нивниот дом

0
84

Изутринава во 02,45 часот во СВР Охрид, С.Н.(56) од Охрид пријавилa дека додека заедно со нејзиниот син Д.Н. биле во нивниот дом на место викано „Чекоштина“ во Охрид го забележале И.Б.(30) од Охрид како ја скршил влезната врата и фрлил со камен кон С.Н. а потоа ја турнал на подот упатувајќи закани кон неа и нејзиниот син.

Потоа И.Б. излеглол надвор и ги искршил масата и столиците по што заедно со О.Л.(33) од Охрид кој го чекал во непосредна близина на куќата го напуштиле местото на настанот.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Охрид. По превземени мерки И.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а О.Л. бил повикан во полициска станица за целосно расчистување на случајот, информира полицијата.