Пратеникот Локвенец за повикот да не земаат плата: Имам три сина, ако вие ми ги храните ќе се откажам од платата

0
1960
Фото

Граѓаните ги повикуваат функционерите да се откажат од платите и да ги донираат на медицинскиот персонал кои се на првата линија со борбата со коронавирусот. Особено се повикуваат пратениците кои во моментов не заседаваат. Собранието е распуштено, а поради новата состојба не можат да се спроведат избори.

Дел од нашите пратеници не се согласуваат со ваквите предлози. Велат дека има друг начин како парламентарците да се стават во функција на државата. Други пак велат дека поддржуваат се што е во рамки на уставот и дека од хуманитарните потези не треба да се прави пи-ар.

Имам три сина. Ако вие ми ги храните ќе се откажам од платата. Пратениците треба да се состанат и да бидат во функција на државата во вонредна состојба, изјави за „Алфа“ пратеникот Хари Локвенец.

Се што е уставно поддржувам. Оној кој помага не треба да се фали со тоа, вели пратеникот Димитар Стевананџија

До сега министерката за финансии Нина Ангеловска се откажа од платата додека на сила се владините перки против ширење корона вирус.