Расте бројот на заболени од коронавирусот во Африка

0
86
Foto

Бројот на заболени од коронавирусот во Африка денеска се искачи над 1000 луѓе. Ангола јави за првиот заболен на своја територија, со што 40 држави од 54, колку што има на континентот, досега имаат потврдени случаи на овој вирус кој предизвика светска пандемија.

Конго, пак, го регистрираше првиот смртен случај, а Буркина Фасо јави за два нови. Сомалија одлучи да ги забрани меѓународните летови на два два дена, а властите во Етиопија разговараа за одложување на изборите кои треба да се одржат подоцна годинава. Ангола ги прекина летовите, а ги затвори и копнените и морските патишта иако медиумите во Намибија јавуваат дека претседателот на Ангола Жоао Лоуренцо присуствувал на инаугурацијата на намибискиот претседател Хаге Геингоб. Неколку министри во владата на Буркина Фасо се позитивни на коронавирусот вклучително и министерот за надворешни работи.

Во светот денеска се потврдени повеќе од 275 000 случаи, а повеќе од 11 починале. Најмалку 88 000 пак се оздравени.