Во Њујорк во лабораторијата за коронавирус се оди со автомобил

0
57

Во првата привремената лабораторија во Њујорк, drive-through-лабораторијата на Стејт Исланд, постои само едно правило – не отворајте ги прозорците на вашето возило сè додека не добиете дозвола.

„Во постапката што трае само две секунди ви земаат брис од носот. Областа за тестирање е оградена, но тоа е добро. Тие рекоа дека ќе ги добиеме резултатите за два-три дена. Се чувствуваме добро, но работиме во продавница, а сопругата е дијабетичар, затоа сакавме да се тестираме“, вели 44-годишниот Мухамед Кјуреши, кој пристигнал на тестирање со сопругата Рубаб Абид (38).

Пред лабораторијата на болничкиот паркинг има колона од автомобили, а медицинските сестри во заштитни костими и визир земаат податоци за да им дадат приоритет на пациентите со висок ризик и на оние со симптоми.

Слични лаборатории се поставени и во други градови во САД.