Бугарскиот претседател стави делумно вето на владините мерки против коронавирусот

0
66

Бугарскиот претседател Румен Радев стави делумно вето на Законот за итни ситуации со кој Владата планира да го ограничи ширењето на коронавирусот. Тој смета дека одделни решенија во него ќе донесат повеќе проблеми отколку некаква корист.

Радев смета дека рестрикциите ќе ја зголемат вознемиреноста меѓу луѓето кои и онака се загрижени заради недостигот на ресурси за борба против вирусот.

„Недостигот на адекватни мерки ќе доведе до ситуација во која гладот ќе го надвладее стравот, а последиците ќе бидат разурнувачки“, рече Радев.Според него, вооружените сили треба да му помогнат на општеството, но тој смета дека им биле доверени исклучителни овластувања без консултации со врховниот командант.

Законот беше усвоен во петокот во бугарскиот парламент, кој минатата недела прогласи вонредна состојба во земјата до 13 април. Со вонредната состојба во Бугарија се затворени училиштата, баровите и рестораните, парковите и игралиштата, како и јавниот превоз.