Филипче: Се разгледуваат дополнителни мерки за граѓаните над 65 години

0
120

Новите 29 заразени пациенти кои беа детектирани во последните 24 часа и со кои бројката на вкупнозаразени се искачи на 114, се очекувана бројка за министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, мерките го даваат резултатот, а верува дека полицискиот час ќе го намали бројот на новозаболени од коронавирус.

„Новата бројка на заразени е очекувана. Го најавивме тоа пред некое време. Поблага е кривата на новодијагностицираните пациенти во однос на други држави. Овие мерки до сега даваат резултат, верувам во тоа, а острите мерки очекуваме да ја намалат не така острата крива, која во овој момент ја имаме. Нема правила во епидемиологијата. Има начин на претпоставување како ќе се дивжат работите. Има отстапување во однос на тоа како се дивжат мерките. Верувам во тоа дека со мерките ќе биде благ порастот на заболените“, рече Филипче.

Тој најави дека ќе се дискутира и за воведување на нови дополнителни мерки за возранисте лица над 65 години.

„Утре ќе биде дискутрано за воведување на дополнителни мерки. Станува збор за граѓаните над 65 години, кои освен полицискиот час, дополнително ќе треба да им биде ограничено движењето. Тие ќе треба да се движат науторо, но не и преку останатиот ден од делот“, додаде Филипче.