Јунајтед, Ливерпул и Челси ќе „штедат“, ништо од големите трансфери ова лето?

0
85

Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси ќе го ограничат трошењето во текот на летниот преоден рок поради пандемијата на корона вирусот, со што многу од очекуваните трансфери, како тој на Џејдон Санчо проценет на над 100 милиони фунти, нема да се остварат, тврди британскиот „Дејли мирор“.

Една од најголемите грижи на овие клубови е дека ќе има бурна реакција на огромните суми кои би се плаќале за фудбалерите во време на глобална здравствена, но и економска криза. Најпогодени од ова најверојатно ќе бидат Борусија Дортмунд, кои очекуваа над 100 милиони евра за Санчо.

„Никој не знае каков ќе биде преодниот рок, но сигурно е дека тимовите ќе бидат внимателни. Покрај ова тука е и мислењето дека во последните години фудбалските трансфери ја загубија смислата за реалност со неверојатни суми“, вели анонимен извор од еден од клубовите за „Мирор“.