Нов црн ден во Италија: Ова не се случувало досега – 651 починати и денес

0
269

Уште еден црн ден за италијанската нација.  651 починат за последните дваесет и четири часа. И покрај големата стапка на смртност денешната бројка охрабрува, бидејќи ова е намалување на бројот на починати во однос на вчерашните 793 случаи.

Вкупниот број на смртни случаи во Италија сега е 5476. Исто така, има и 5560 нови заразени. Бројот на вкупно инфектирани достигна 59138 илјади.

Италија е зад Кина која предводи на црната листа со 81.054 заболени, но затоа предводи со бројот на починати.