Пласидо Доминго е заразен со коронавирус

0
88

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) е заразен со коронавирус, откако неговиот тест се покажал позитивен.

„Се чувствувам обврзан да ве информирам дека имав позитивен тест за Ковид-19. Моето семејство и јас сме во самоизолација. Во моментов сите сме во добра состојба, но почуствував симптоми на треска и кашлица и затоа одлучив да се тестирам и резултатот се покажа позитивен“, напиша тој на „Фејсбук“.

Доминго ги моли сите да бидат исклучително внимателни, да ги почитуваат основните правила, како честото миење раце, да стојат на растојание од најмалку два метра од други луѓе, и да прават се што е можно за да го запрат ширењето на вирусот.

„Пред се најважно е да останете дома, ако можете! Заедно можеме да се избориме со овој вирус и да ја запреме актуелнава светска криза. Имам надеж дека наскоро ќе се вратиме кон своето нормално секојдневие. Ве молам да ги следите пораките и нардбите на локалните власти за да останете безбедни и да се заштитите не само себе си, туку и нашата цела заедница”, порача оперскиот пејач на Фејсбук.