Први официјални податоци: Во земјотресот во Загреб оштетени 66 објекти и 23 автомобили

0
58

Загрепската полиција ги објави првите официјални податоци за штетата предизвикана од серијата земјотреси, според кои до 11 часот денеска регистрирани се вкупно 66 оштетени објекти и 23 автомобили.

Состојбата во хрватската метропола започна да се нормализира дури околу пладне, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Инаку, од полицијата потврдија дека тешко е повредено дете родено во 2004 година, во стан на Ѓорѓичевата улица.

„Повеќето од зградите и автомобилите се оштетени во самиот центар на градот. Оштетени се и загрепската катедрала и црквата на улица Палмотичева“, се наведува во соопштението.

Загреб рано утрово беше погоден од серија на земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5,5 степени.

Силните земјотреси предизвикаа паника кај граѓаните кои излегле од своите домови и се засолниле на места за кои сметале дека се безбедни.