Харви Вајнштајн има коронавирус

0
56

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој служи затворска казна за сексуален напад и силување, е позитивен на коронавирус, изјавил претседателот на њујоршките здруженија на државни затворски службеници, Мајкл Пауерс.

Вајнштајн (68) е во изолација во затворот Венде, откако вчера бил потврден вирусот, рекол Пауерс. На затворските слубеници им недостига соодветна заштитна опрема, а неколку членови од персоналот се во карантин.

Вајнштајн во средата бил преместен од затворот Рикерс во најстрого чуваниот затвор Венде, источно од Бафало.

Тој беше осуден на 11 февруари на 23 години затвор за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Халеј и за силување на поранешната актерка Џесика Ман.

Тој беше некое време во болница на Менхетен поради проблеми со срцето, откри неговиот портпарол Џуда Енгелмајер. Вајнштајн има и дијабетес и висок кривен притисок.

Неговиот адвокат рекол синоќа дека не е известен за неговата зараза со коронавирус.