Куба испраќа лекари во Италија за помош во борбата против Ковид-19

0
67

Куба соопшти дека испраќа тим од лекари и медицински сестри во Италија за борба против новиот коронавирус. Одлуката е донесена по барање на тешко погодената италијанска област Ломбардија.

Кубанските лекари се бореа со колера на Хаити и ебола во Западна Африка.

Медицинскиот тим од 52 лица, е првиот случај во кој Куба испраќа итна помош во Италија, една од најбогатите земји во светот, наведуваат западни медиуми.

Тоа е шестиот таков тим испратен од властите на Хавана во изминатите денови за борба против новата болест. Екипи порано беа испратени во Венецуела, Никарагва, Јамајка, Суринам и Гренада.

Според Си-Ен-Ен, италијанските власти побарале помош и од вооружените сили на САД за борба против ширењето на коронавирусот. Имено, италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Герини побарал помош од неговиот американски колега Марк Еспер.